Царината заплени алкохол и цигари во акција во шест града

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Царинската управа и Управата за јавни приходи во координирани контроли во 50-тина објекти во шест градови во периодот од 27-30 јули откри и заплени 117 литри алкохол и 23 кутии цигари во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока.

Во 13 објекти при контролите спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп, соопшти денеска Царинската управа, е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари.

- Привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. Од нив 69 литри се домашна ракија, а остатокот се различни видиви жестоки алкохолни пијалоци (виски, узо, ракија, ликери). Во една продавница во Струга, во бункер во подот под пултот за продажба, откриени се и 23 кутии цигари Marlboro и Prestige без и со странски бандероли, се наведува во соопштението од Царинската управа.

Се посочува дека овие контроли се спроведуваат со цел да се обезбедат основните принципи за фер конкурентност, правилна наплата на буџетски приходи, но пред сé да се заштити здравјето на луѓето.

Како резултат на сите мерки поврзани со акцизите, што ги презема Царинската управа во континуитет, но и зајакнатите контроли на употребата на акцизните маркички, во периодот јануари-јули 2015 наплатени се приближно 15 проценти повеќе акциза за тутун и тутунски производи отколку во истиот период во 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...