Сочувство од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за смртта на Џон Битов

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска упати телеграма со сочувство до семејството на канадскиот стопанственик со македонско потекло Џон Битов посочувајќи дека тој беше еден од најголемите пријатели и поддржувачи на Република Македонија. 

Пратениците изразија благодарност за досегашната, како што наведуваат, несебична афирмација и промоција во светот на Република Македонија како независна и демократска држава, како и за унапредувањето на македонско - канадските односи.

- Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со длабоко жалење ја прими веста за смртта на г-динот Џон Битов. Од името на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ изразуваме искрено сочувство за големата загуба до семејството Битов. Г-динот Џон Битов беше голем човек кој што ја сакаше Република Македонија за што говорат неговите големи дела за нашата земја. Неизмерно сме благодарни за несебичната поддршка и исклучителната посветеност и ангажираност за промоција и афирмација во светот на Република Македонија, нејзиното име, иденитет и вредности, стои во писмото со сочувство.

Неговата долгогодишна работа за поддршка на развојот и напредокот на Република Македонија како независна, суверена и демократска држава ќе биде дополнителна инспирација за многу сегашни и идни генерации на Македонци, кои ќе решат да чекорат по неговите стапки, стои во текстот.

Како потврда и благодарност од македонските граѓани, Битов беше одликуван со Орденот „8 - ми септември“ за застапувањето на македонските интереси на глобално ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...