Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Албанија, БиХ и Литванија

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Литванија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија, Фатос Река, двајцата соговорници го потврдиле интересот за натамошно развивање на добрососедството, билатералната соработка и остварување на заедничката стратешка определба - членството во ЕУ.

- Очекуваме безрезервна поддршка од Република Албанија во однос на интеграцијата на Република Македонија во НАТО, а во поглед на интеграцијата во ЕУ очекуваме заемна поддршка и тесна соработка, истакна претседателот Иванов во поздравното обраќање.

Македонскиот претседател посочи дека Македонија континуирано ја унапредува положбата на граѓаните од албанска националност и изрази увереност дека и Албанија, со иста посветеност ќе продолжи да работи на унапредувањето на правата на граѓаните на Албанија од македонска националност.

Новоименуваниот амбасадор Река нагласи дека за неговата земја останува приоритет натамошното унапредување на добрососедските односи со Република Македонија.

- Албанија е целосно посветена да ја види Македонија целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ. Ние ја сметаме Македонија за сосед-пријател и го поддржуваме нејзиниот просперитет, суверенитет, интегритет и стабилност, рече амбасадорот Река.

Претседателот Иванов и амбасадорот Река ја нагласиле потребата од интензивирање на економската соработка и соработката во насока на реализација на инфраструктурни и енергетски поврзувања.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина, Лепа Бабиќ, било разменето мислење за актуелните случувања во регионот и изразена подготвеноста за натамошна соработка меѓу двете земји во евроатланските интеграциски процеси.

Претседателот Иванов ја истакна потребата од поттикнување и развој на економските односи.

- Ценам дека постои потенцијал и можности за натамошно јакнење на соработката во сите области, особено во сферата на економијата. Верувам дека со заеднички ангажмани и со збогатување на нормативно - правната рамка за уредување на билатералните односи и соработка, можеме да ги искористиме таквите потенцијали, посочи во обраќањето претседателот Иванов.

Амбасадорката Бабиќ го потенцираше интересот на БиХ за унапредување на севкупните односи со Република Македонија, согласно европските стандарди, а со цел просперитет, мир и стабилност во регионот.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Литванија, Раса Каириене, претседателот Иванов посочи дека Македонија е силно посветена на исполнување на обврските за просперитетна Европа, се заблагодари за досегашното пријателство и изрази очекување за натамошна принципиелна поддршка од Република Литванија во однос на македонските европски и евроатлански интеграции. Бил афирмиран интересот и потребата за интензивирање економската соработка.

- Верувам дека мерките и активностите што ги презема Владата на Република Македонија за постојано подобрување на инвестициската и вкупната деловна клима ќе го привлече вниманието на литванската бизнис заедница, истакна во обраќањето претседателот Иванов.

Новоименуваната амбасадорка истакна дека Литванија и натаму ќе биде силен поддржувач на македонските евроатлански интеграции и изрази очекување за продлабочување на соработката во сферата на одбраната, културата, образованието и науката.

Двајцата соговорници размениле мислења околу актуелната меѓународна состојба со мигрантите, како и за актуелната политичка состојба во Република Македонија, соопшти Кабинетот на Иванов.

Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им посака успех во вршењето на дипломатската должност и изрази надеж дека со својот ангажман ќе придонесат за натамошно унапредување на политичките и економските односи со земјите кои ги претставуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...