Петмина загинати од свлечишта и порои

Четири деца се загинати од свлечишта при силното невреме што го зафати тетовскиот регион. Според СВР Тетово, во двор од куќа во Голема Речица поплавата донела безживотно тело на дете од околу 10 години. Од тетовската болница информираа дека кај нив е донесено безживотно тело на 13-годишно девојче, најверојатно од Шипковица.

Според непотврдени информации на жители од планинското село Шипковица, како што јави дописникот на МИА од Тетово, невремето усмртило две деца на возраст од четири и пет години, при што телото на едното дете се уште не е пронајдено, а загинал и еден маж од околу осумдесет години додека се враќал од селската џамија.

До Шипковица вечеравечер не може да се дојде поради одрон што го блокирал патот, а селото е и без струја. Блокиран е приодот од Тетово кон Голема Речица, односно улицата 172 каде тетовската подружница на Дирекцијата за заштита и спасување ангажирала осум булдожери и друга тешка механизација.

Невремето предизвика и прекин на сообраќајот кон Попова Шапка, патот Тетово - Јажинце, како и помеѓу селата Горно Орашје, додека во Доброште надојдените води го урнале и однеле бетонскиот мост.

Дождот и ветрот предизвикаа штети и во градот при што беа поплавени улици и куќи, имаше оштетено и покриви, а од паднатите дрвја и гранки имаше и оштетени автомобили. Надојдените води на реката Пена се излеаја на повеќе места низ Тетово и неговата околина, но најкритично беше кај мостот на булеварот „Индустриска“. Реката поради големата количина на дрвја и камења го затрупала преминот под мостот и се излеала по булеварот поплавувајќи ги околните куќи, дуќани и други објекти.

Сите надлежни служби се на терен и работат на расчистување и санирање на последиците од невремето што го зафати тетовскиот регион.

Владата на Република Македонија денес ќе одржи специјална седница за состојбата со поплавите.

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев информираше дека премиерот Никола Груевски закажал владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се разгледаат состојбите и ќе се утврдуваат натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...