МВР Билтен

Скопје, 4 август 2015 (МИА) - Во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што вчера од 18 до 19 часот го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубија живот: Хашим Ф.(83) од Шипковица, А.М.(14) од Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од с. Шипковица. Безживотните тела на Х.Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во Голема Речица. Покрај ова и уште едно девојче на возраст од околу 6 години од с. Шипковица како и Р.Ј.(61) од с.Лисец засега се водат како изчезнати. Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, покрај другото, придонесе и да се излеат повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти и автомобили. 

Вчера во СВР-Куманово И.С.(30) пријавила дека околу 17:00 часот на ул.„Октомвриска Револуција“ од залутано зрно бил оштетен гепекот од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистерски ознаки сопственост на нејзиниот сопруг. Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот. 

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода лицето Ѓунер А.(41) од Скопје кој се барал за издржување на затворска казна во траење од пет месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Ѓунер А. е спроведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот С.М.(39) поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „одземање моторно возило“. Во периодот од 01 до 29.06.2015 година, пријавениот со употреба на физичка сила извршил тешки кражби во три куќи од каде одзел златен и сребрен накит, мобилни телефони и разни предмети, а исто така одзел и едно патничко возило и три моторцикли. При извршување на кривичните дела пријавениот на оштетените им нанел штета во износ од околу 233.650 денари.

СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчанецот Т.Т.(50) и против правното лице ДООЕЛ „Евроградба“ увоз-извоз Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавениот во својство на одговорно лице, управител на пријавеното правно лице во периодот од 2009 до 2012 година со намера да одбегне плаќање на данок на добивка, во евиденциите на правното лице прикажал лажни податоци за остварени расходи со што затаил данок на добивка во вкупен износ од 275.339 денари.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(30) од Прилеп и Ф.Ј.(21) од Скопје. Од судија на претходна постапка на двајцата им е одредена мерка притвор од по 30 дена. Пријавениот Г.С. пред околу една недела набавил поголема количина опојна дрога таблети “Екстази “, опојна дрога “Амфетамин“ и “Хашиш“ по што ги препакувал во мали количини со цел продажба на лица нарко уживатели од подрачјето на Охрид но и на други лица- туристи, а посебно на лица посетители на техно забави кои се одржуваат во Охрид. На 2-ри август пријавениот Ф.Ј. на прозор од студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, оставил најлонска кеса со околу 50 таблети „Екстази“ со лого знак „мерцедес“. При претрес во соба што притворениот ја користел во домот, пронајдени се една најлонска паковка со бела прашкаста материја ставена во целофан и други предмети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...