Се санира состојбата по поплавите во Прилеп

Прилеп, 4 август 2015 (МИА) - По вчерашните поројни дождови и поплави, во Прилеп ситуацијата е стабилизирана. Се чистат улиците и населбите од наноси, а комисиите за проценка на штетите веќе се на терен, соопшти денеска кризниот штаб на општина Прилеп.
 
Според Никола Димески, претседател на Штабот, Прилеп вчера беше зафатен од силно невреме со пороен дожд и до 40 литри во секунда за 30 минути, што направи проблеми и штети.
 
- Уште во текот на невремето вчера, екипите веднаш излегоа на терен каде што имаше поплавени улици, канализациска мрежа, дворови и објекти. Вчера во 19 часот одржавме итна седница на која надлежните информираа за ситуацијата. Имаме пријави на граѓани за поплавени, најчесто подрумски простории, дел улици и канализација, истакна Димески.
 
Стиганти се околу 50 пријави на граѓани од кои 25 за поплавени подруми.
 
- Во сите случаи ноќеска до полноќ е интервенирано и денеска ситуацијата е стабилна. Преземени се сите мерки, а надлежните остануваат мобилни зашто се најавува во текот на денешниот ден и в четврток пак да има поројни дождови. Засега се справуваме сами како општина и немаме потреба од дополнителна помош, изјави Димески и апелира, граѓаните кои имаат штети од вчерашното невреме да поднесат барање.
 
Екипите  на „Водовод и канализација“ синоќа постапуваа за одведувањето на дождовните води по пријавите на граѓаните.
 
- Синоќа екипите на „Водовод и канализација“ примија повеќе од 30 повици. За сите е излезено на терен и е реагирано. Денеска ќе се санираат дел проблематични точки кои не беа итни од вчера. Се интервенираше дури и до полноќ. Во поглед на еконструкцијата на канализационата мрежа што се врши во градот, тоа е проект за реконструкција на фекалната канализација и водите треба да бидат одведени до пречистителната таница што ќе се гради. Сега е при крај првата фаза од целиот проект во должина од 23 километри, следува втората фаза во должина од 44 километри. Ова е посебно со одведувањето на дождовните води, рече Ѓоко Јочкоски од ЈП „Водовор и канализација“.
 
Како што информира Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“, се расчистува во најзагрозените населби и така ќе биде наредните денови. - Според нашите согледувања, повеќе наноси имаме во населбите Тризла 1 и Тризла 2 и во населбата Бончејца. Денеска таму се работи на отстранување на наносите и работите ќе продолжат и утре. За два до три сена ќе се исчистат сите наноси од кал по поројните дождови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...