Пронајдено телото на 61-годишниот овчар од Лисец

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавите во Тетовско, потврди вечерва СВР Тетово.

- Околу 20 часот во близина на наплатнатат рампа Тетово - Гостивар, на излезот од Тетово, десно во ливадите во месноста наречена Бродиште, група луѓе кои собирале предмети и старо железо пронашле безживотно машко тело по што ги известиле надлежните служби, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Полицијата веднаш го обезбедила просторот бидејќи се претпоставува дека станува збор за еден од исчезнатите во големата поплава што во понедленикот го зафати тетовскиот регион.



Биле повикани членови од семествјото кое потврдило дека станува збор за Р.Ј. (61) од Лисец. Непосредно пред невремето 61-годишниот жител на Лисец заедно со стадо овци заминал во планината над Голема Речица.

Известен е јавен обвинител и вечерва заедно со екипа на СВР Тетово ќе се изврши увид.

Со пронаоѓање на телото на Р.Ј. бројот на загинати во невремето во Тетовско се искачи на пет. Се уште се трага по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...