Крваво во Гевгелија има и ранети: Полицијата со шок бомба против мигрантите

Македонската полиција денеска употреби шок бомба во обид да потисне неколку илјади мигранти и бегалци кои се обидуваат влезат во нашата земја од Грција.

Известувачот на Ројтерс од лице место наведува дека неколку илјади луѓе од Блиски исток, од Африка и Азија ја поминале ноќта на ничија земја, т.е. на меѓуграничниот простор помеѓу Македонија и Грција, откако нашата земја вчера прогласи вонредна состојба и ја затвори својата јужна граница за мигранти и бегалци.

Македонските безбедносни сили употребиле шок бомба на границата со Грција за да го стопира бранот мигранти кои сакале да влезат во Македонија, образложуваа МВР, најавувајќи дека ќе следи соопштение во текот на денот.

- Полицијата во опрема за разбивање на немири, која стои зад бодликавите живи, употреби солзавец во обид да ги потисне луѓето кои сакаат да поминат низ Македонија на пат кон Унгарија и Шенгенската зона на ЕУ, објави BBC.

Некои од македонските медиуми јавуваат дека ноќеска по полноќ околу 300 мигранти успеале да влезат на македонска територија и дека мигрант ранил полицаец во Гевгелија.



МВР официјално денеска се нема произнесено за тоа што се случува на југот на земјата и дали е регистриран некаков инцидент, односно дека мигрант ранил со нож полицаец како што објавуваат медиумите.

Дописникот на Reuters јавува дека дотокот на мигрантите, кои стигнуваа од 1.500 до 2.000 дневно на железничката станица во Гевгелија, ненадејно запрел.

Според статиската на МВР во последните два месеца, од кога беше донесен Законот за азил и привремена заштита низ Македонија минале околу 40 илјади мигранти.

Мигрант прободе полицаец со нож во Гевгелија

Станува збор за припадник на специјалните полициски сили кој бил распореден за обезбедување на Железничката станица во Гевгелија, јавува порталот Гевгелија нет.

Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот во близина на Бензинската на Макпетрол која се наоѓа под надвозникот на влезот во Гевгелија на стотина метри од зградата на железничката станица. Засега неидентификувано лице – мигрант на поминување низ Гевгелија со нож прободел полицаец. Мигрантот побегнал од местото на настанот

Очевидци на настанот за порталот Гевгелија нет велат дека екипа на специјалните полициски сили заобиколила група од десетина мигранти со цел да се идентификува сторителот, а несреќно прободениот полицаец се’ уште лежел на стомак на асфалтот со грчевити тресења на екстремитетите.

На местото на настанот веднаш пристигнала и екипа на брза помош од гевгелиската Општа болница.

Полицијата и АРМ долж границата, денеска се пропуштаат ограничен број мигранти

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека согласно владината одлука за прогласување кризна состојба долж пограничните региони, распоредени се полициски службеници на граничната линија кон соседна Грција, а во текот на денот се очекува на нив да им се приклучи и Армијата на Република Македонија.
Оттаму истакнуваат дека полицијата постапува согласно наредбите и овластувањата за заштита на државната граница.

- Се дозволува влез на лимитиран број на илегални мигранти од поранливите категории кои може да бидат згрижени и соодветно третирани согласно капацитетите на државата, се наведува во соопштението од МВР.
Во последните 24 часа, како што информира МВР, неколкукратно е помал и бројот на издадени потврди за мигрантите за разлика од претходните денови кога дневно се издавале потврди на повеќе од 1300 странски државјани.
Така, од 08 часот вчера до 08 часот утринава издадени се потврди на 181 странски државјани, од кои 145 се од машки пол, 17 жени, девет деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија (148), Бангладеж (21), Пакистан (8), а другите се во помал број.
Од 19 јуни до денеска на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија (33.609), потоа Авганистан (2.073), Ирак (1.948), Пакистан (1.206), Сомалија (562), Палестина (560), Конго (301), Бангладеж (251), Нигерија (142), Камерун (140) Еритреја (140), Етиопија (109)......
Од вчера утрината до денеска двајца државјани на Сирија поднеле барање за признавање на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од започнувањето на издавањето на потврдите поднесени се 49 вакви барања.

Од нив, 36 барања се од државјани на Сирија, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...