На Миле Хаџиски кој во петокот беше екстрадиран од Франција во Македонија можно е повторно да му се суди за убиството на Мери Јошевска од 1993-тата година.
Весникот „Дневник“ пишува дека новото судење можеби ќе ги расветли причините зошто Миле Хаџиски (42) брутално ја убил Мери Јошевска (21) во 1993 година и дали евентуално некој друг учествувал во убиството.
Хаџиски во петокот беше екстрадиран од Франција каде што пред повеќе од две години беше уапсен како припадник на бандата крадци на накит, која дејствува под псевдонимот „Пинк Пантер“.
Тој веднаш по долетувањето на авионот од Париз беше спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од 20 години.