„Дневник“: Кој е Миле Хаџиски – најбараниот убиец во Македонија?

Зошто Миле Хаџиски (42) брутално ја убил Мери Јошевска (21) во 1993 година и дали евентуално некој друг учествувал во убиството, можеби ќе биде познато ако повторно му се суди на убиецот, кој во петокот беше екстрадиран од Франција каде што пред повеќе од две години беше уапсен како припадник на бандата крадци на накит „Пинк Пантер“, пишува весникот „Дневник“.

Хаџиски веднаш по долетување на авионот од Париз беше спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од 20 години. „Дневник“ претходно комуницира со двајцата адвокати што го бранеа Хаџиски во Франција, но не успеа да дознае дали тие комуницирале со некој нивни колега во Македонија во врска со евентуално ново судење за убиството.

- Според експертите, на Миле Хаџиски треба пак да му се суди бидејќи пресудата, односно повторниот процес се одвивал во негово отсуство. Ако осудениот убиец побара да му биде судено, можно е пак да му се суди, но не би можел да добие повеќе од 15 години затвор. „Дневник“ по апсењето на Хаџиски во Франција, консултира неколку лица кои биле вклучени во истрагата и судскиот процес. За „Дневник“ изјава даде и братот на Хаџиски, кој рече дека јавноста не ја знае вистината за убиството на Мери Јошевска и дека Миле избегал без нивно знаење.

Според обвинението, Хаџиски на свиреп начин и од користољубие со умисла ја лишил од живот Мери Јошевска на 18 јуни 1993 година. Тој дошол во станот во скопски Аеродром околу 10 часот утрото да пие кафе. Муабетот набргу прераснал во кавга. Тој најпрвин почнал да ја дави Мери со рацете, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе, и задал десетици убоди по целото тело. Тој исто така употребил и нож, што го нашол во станот, па продолжил да ја боде. Според наодите на истрагата, убиецот сакал жртвата да страда, што го покажало и вештачењето. Утврдено е дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен. Жртвата очајнички се бранела, но, за жал, не уапсела да се одбрани. Таа поради внатрешно и надворешно крвавење, кое настанало како резултат на добиените повреди, починала на самото место. По убиството, Миле Хаџиски ги прикривал трагите. Ги миел ножевите и се обидувал се да врати на своето место. Пред да замине зел златен накит и го напуштил станот оставајќи ја Јошевска да искрвави. Истиот ден се обидел да го продаде накитот на Бит-пазар, но не успеал. Вечерта излегол со друштво во кафуле небаре ништо не се случило, каде што бил и уапсен, пишува весникот

Спектакуларно бегство од затворот

Миле Хаџиски беше уапсен првпат во февруари 2012 година во Берн, Швајцарија, поради учество во грабеж извршен од бандата „Пинк Пантер“. Тој таму престојувал со идентитет на Црногорецот Зоран Томовиќ. Тој работел како автомеханичар, но постојано се движел на релација Франција-Швајцарија. Не е познато каква улога имал во бандата, но заедно со уште еден член на бандата, Србин, во мај 2013 година избегал од затворот во Швајцарија.

Спектакуларното бегство се случило во затворот „Бос Мемер“ кај Лозана. Бегството на „пантерите“ било добро испланирано и траело помалку од пет минути. Додека двајцата биле во дворот на затворот заедно со уште 30-ина затвореници, тројца маскирани лица се искачиле на ѕиданата ограда на затворот и поставиле скала од внатрешната страна. Тие во дворот, кој бил ограден од ѕидот со бодликава жица, фрлиле торба, во која имало оружје и алат. Хаџиски и Србинот извадиле пиштоли со кои им се заканиле на чуварите и на останатите затвореници по што со спреј-солзавец ги испрскале. Потоа со клешта направиле дупка во оградата и преку скалите се прекачиле преку ѕидот. Таму ги чекале тројцата, па со два автомобила избегале во непознат правец.

„Ничии раце во судницава не се окрвавени како моите. Му изразувам сочувство на семејството Јошевски и сакам да знаете дека ова го сторија моите раце, но не и мојата совест“

Засолниште во Легијата на странците

Во јавноста се шпекулираше дека Хаџиски бил припадник на некоја сатанистичка секта и дека убиството било ритуално изведено. Тоа го заклучиле од наводниот рамностран триаголник, кој личел на познатиот сатанистички чудотворен триаголник, кој бил врежан во дланката на убиената. Дилемата е дали тој бил сам кога се случило убиството бидејќи биле пронајдени крвави папиларни линии кај лифтот во зградата на Јошевска. Тие траги не биле од Хаџиски, а досега не е одговорено кој ги оставил и дали евентуално имал некаква врска со убиството.

„Ничии раце во судницава не се окрвавени како моите. Му изразувам сочувство на семејството Јошевски и сакам да знаете дека ова го сторија моите раце, но не и мојата совест“. Ова биле зборовите на Миле Хаџиски кој ги искажал пред петочлениот судски совет во тогашниот Окружен суд во Скопје на првото судење, кое се водело една година по убиството. Тогаш Хаџиски добил 15 години затвор. Тој се жалел на пресудата и поради одредени пропусти во истрагата, предметот беше вратен на повторно судење. Тогашната регулатива не дозволувала притворот да биде подолг од 90 дена, па Хаџиски бил пуштен да се брани од слобода. Тој се појавил на неколку рочишта, но потоа ја напуштил земјава и избегал. Судењето продолжило во негово отсуство по што бил осуден на 20 години затвор.

Не е познато како Миле Хаџиски ја напуштил земјава, но се шпекулираше дека користел лажен идентитет на Македонецот Kиро Риовски, по што завршил во Франција, каде што се приклучил на Легијата на странците. Така и добил француско државјанство, се посочува во текстот на „Дневник“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...