Во Скопје ќе се гради улица на два ката

Улица на два ката ќе се гради во центарот на Скопје. Станува збор за раскрсница на две нивоа што се предвидува да биде изградена кај Бит-пазар, односно меѓу Судска палата и ТЦ-Мавровка.

Како што пренесува Скопје инфо, за оваа улица на два ката, која воедно е и прва од ваков тип во Македонија, за годинава е предвидено да биде изработена проектната документација што ќе чини 3 милиони денари.

Изградбата на споменатата улица на два ката е влезена и во Предлог-програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Скопје за 2015 година, а која на усвојување пред градските советници се најде на седницата одржана минатата среда.

Годинава Град Скопје планира да потроши нешто повеќе од една милијарда денари или 16,6 милиони евра во инфраструктури проекти со кои што се очекува дополнително да се подобрат условите и се од суштинска важност за жителите во главниот град.

За изградба и реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација градската власт планира да обезбеди 850 милиони денари. Од нив, 750 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100 милиони од приходи од легализација на дивоградби.

Најголем дел од парите, и тоа повеќе од 818 милиони денари, ќе се потрошат во изградба и реконструкција на улици и патишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...