Законот за безбедност во сообраќајот на собраниска седница

 За возење без сигурносен појас, возачите во иднина ќе плаќаат глоба од 40 евра во денарска противредност или пак ќе им бидат впишани 25 негативни поени во возачката книшка. За непропуштање на пешаци казната ќе достигнува до 200 евра во денарска противредност.

Ова се мал дел од одредбите на Предлог- законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање кој е на се на дневрн ред на денешната 63.седница.

Мобилен телефон додека возачот управува со возилото не смее да користи, освен ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Глобата за зборување на мобилен телефон е предвидува да изнесува 40 евра или 25 негативни поени. 

Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило. Глобата за попречувачите на возачите е предвидено да изнесува 50 евра во денарска противредност.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ги одржи 63-та и 64-та седница. 

На дневен ред на 63. седница се и Предлог - одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан, како и повеќе измени и дополнувања на закони од различни области, во скратена постапка.

Пратениците ќе дискутираат и за предлог - законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце - Прешево и на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции во земјоделство и рурален развој во Република Македонија. 

Собранието ќе ја продолжи и 64. седница на чиј дневен ред, исто така се измени и дополнувања на повеќе закони по скратена постапка од областа на земјоделството, шумарството, здравството, труд, внатрешни работи и други со кои се врши усогласување со одредби на Законот за прекршоци.  

Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство, за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за култура, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, одбрана и безбедност и Законодавно -правната комисија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...