Во радовишко Ораовица се реализираат неколку инфраструктурни проекти

Штип, 26 август 2015 (МИА) - Во радовишкото село Ораовица во тек е реализација на неколку проекти, кои се значајни за жителите на ова место.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов информира дека во завршна фаза е целосната реконструкција на „Домот на културата“, за што средствата се обезбедени како грант од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.

- Отпочнати се работите и на мултифункционалното игралиште со трибини, гумиран под и рефлектори. Средствата се обезбедени од буџетот на општината. Активно се работи и на поплочување со бекатон плочки на четири-пет улици во оваа населено место за што средствата се обезбедени од општината. Сите овие проекти им ги должевме на жителите на Ораовица, бидејќи тие и тоа го заслужуваат, истакна Николов, упатувајќи благодарност до АФПЗРР, Министерството за финансии и Владата што Радовиш во континуитет добива грантови со кои се реализираат проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Тој најави дека наредната недела општината ќе објави тендер за уште два капитални проекти во Ораовица. Планирана е изградба на пешачка патека од селото до комплексот на манастирот Св. Георгиј која ќе биде долга 1.700 метри и широка два метри, како и изградба на детско катче опремено со детски реквизити и урбана опрема.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...