Договор за културна соработка меѓу Македонија и Полска

Скопје, 26 август 2015 (МИА) - Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нејзината колешка од Полска Малгожата Омилановска денеска потпишаа нов договор за културна соработка.

- Полска е искрен пријател и голем поддржувач во нашите евроатлантски интеграции. Македонија и Полска имаат извонредна и плодна соработка во областа на културата, која резултираше со огромен број проекти, рече Канческа-Милевска по потпишувањето на договорот. 

Изминатите години, како што рече, преку полската култура и присуството на полските уметници имавме можност да проследиме извонредни концерти во Македонија. Потсети на концертот на Пендерецки на „Охридско лето“, додаде дека Македонската филхармонија соработува со полски уметници, а уметници од Полска учествуваат и на Струшките вечери на поезијата.

- На денешната средба ја констатиравме добрата институционална соработка во областа на културата. МНТ соработува со еден од најзначајните театри во Полска. Темата на претствата е егзодусот на македонските деца. Ќе бидат вклучени 15-тина актери од Македонија и исто толку од полскиот театар, рече Канческа-Милевска. 

Министерката за култура информира за истражувањето кај локалитетот Градиште кај Неготино. Станува збор за заеднички, меѓународен проект на Археолошкиот музеј, Институтот од Полска и Институтот од Валенсија. Додаде дека имаат поддржано неколку издавачки куќи од Полска кои преведуваат македонски дела на полски јазик, како делата на Гоце Смилевски, Лафазановски...

 - Македонија е многу важен партнер во културата за Полска. Реализираме проекти во сите области на културата. Денешниот договор е само основа која треба да се исполни со уметници и режисери кои во иднина ќе ги реализират проектите, рече Омилановска. 

Таа денеска на директорката на Музејот на современа уметност во Скопје, Елиза Шулевска ќе и врачи одликување за заслуги за полската култура.

Омилановска ќе ја посети постојаната поставка и делата од најзначајните полски автори, што во чест на делегацијата ќе бидат изложени во фоајето на Музејот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...