Потпишана спогодба за основање на вториот локален економско-социјален совет во Велес

Велес, 26 август 2015 (МИА) - Во Општина Велес денеска градоначалникот Славчо Чадиев, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров и останати надлежни претставници потпишаа спогодба за основање на вториот локален економско-социјален совет. 
 
Проектот финансиран од ЕУ, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот (МОТ) има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог преку три меѓусебно поврзани компоненти. 
 
Како што изјави за медиумите Живко Митревски, претседател на ССМ,со потпишувањето на спогодбата се продолжува социјалниот дијалог и е институционализиран социјален дијалог на локално ниво. 
 
- Потпишувањето на спогодбата ќе значи преку локалниот економско-социјален совет да дојде до унапредување на социјално економската сфера на Општина Велес, која ќе може да ги креира сопствената политика на потребите на пазарот на трудот, во делот на утврдување на потребите на образованието, кое е поврзано со потребите од соодветни работни места, промоција во делот на нови вработувања на млади лица. Воедно преку него ќе се креираат и еколошки политики и други потреби за работиците и граѓаните,потенцира Митревски.
 
Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија,појасни дека проблемите во општината не може да ги решава само локалната власт, туку, тоа мора да го прави со невладините организаци, со граѓанското општество, со бизнис  секоторот и со работничките асоцијации односно со синдикатот.
 
- Само така успешно можеме да ја гладаме иднината и да ги решаваме конфликтите,потенцира Димитров.
 
Инаку, во рамки на првата компонента се планира основање шест локални економско-социјални совети- ЛЕСС, преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...