Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми

Транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано од страна на сите чинители вклучени во справувањето со бегалската криза.

Состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и единиците на АРМ. Грчките полицајци пак, пропуштаат периодично во Македонија да влегуваат помали групи од по стотина мигранти.

Според проценките на УНХЦР и Црвениот крст вчера од Гевгелија кон Табановце заминале повторно околу 3.000 мигранти, а таа бројка се очекува да биде постигната и денеска.

Од железничка станица информираа дека утрово со вонредниот воз што тргна од платформата кај прифатниот камп кон Табановце се упатиле 700, а со редовниот воз заминале уште 500 мигранти. Останатите кои чекаат да бидат евидентирани во прифатниот камп во Гевгелија во текот на денот кон Табановце ќе се превезуваат со автобуси и такси возила.

Општина Гевгелија вчера донираше 1.500 пакети со вода и исто толку пакети со кроасани кои беа прифатени од претставниците на УНХЦР и Црвениот крст кои им ги поделија на мигрантите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...