Во Гостивар отворен трговски комплекс на „Елкос груп“

Гостивар, 27 август 2015 (МИА) - Во Гостивар денеска е отворен нов трговски центар, инвестиција на косовската компанија „Елкос“.

Трговскиот центар е сместен на просторот на поранешната фабрика „Силика“ и се протега на површина над 6.000 метри квадратни. За почеток во овој трговски комплекс ќе бидат вработени стотина лица. 

Директорот на компанијата Рамиз Келменди рече дека станува збор за трговски комплекс кој ќе понуди широк асортиман на производи од храна, играчки, облека до техника за домаќинство.

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта оцени дека се работи за капитална бизнис инвестиција во Гостивар која ќе придонесе многу за развојот на економијата во градот.

- Освен гостиварци, корист ќе имаат и граѓаните од другите општини од полошкиот регион. Извесно е дека компанијата им помага на над 100 семејства чии членови се вработија, рече Бејта.

Компанијата има дваесетина трговски центри во Косово и по еден во Албанија и Црна Гора. Во Македонија ова е втор трговски центар по оној што лани беше отворен во Штип.

Планот на инвеститорите е во склоп на „Елкос“ во Гостивар да биде отворен и откупен центар за зеленчук и овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...