СТРАШНО: Македонија до 2040-тата ќе се соочи со недостаток на вода?

На листата земји што имаат можност до 2040-тата да се соочат со ризик од недостаток на вода Македонија се најде на 17-тото место. Во анализата се опфатени сите земји во светот, а како главна причина се наведуваат климатските промени, промената на шемата на врнежи и зголемените потреби на населението.

Околу една петина од земјите во светот ќе се соочат со недостаток на вода до 2040-тата година, како последица на климатските промени и промената на распоредот на врнежите, како и поради зголемената побарувачка на населението кое е во посраст. Ова го посочуваат резултатите од анализата на непрофитабилната организација Светски инстритут за ресурси (WRI).

Истражувањето ги рангира земјите врз основа на можноста на кризата за вода со која што би се соочиле, а според него Средниот Исток во моментов е најпогоден регион. Четиринаесет од 33 земји кои што најверојатно би претрпеле недостаток на вода се во споменатиот регион, вклучително и девет што се сметаат за најпогодени: Бахраин, Кувајт, Палестина, Катар, Обединети арапски Емирати, Израел, саудиска Арабија, Оман и Либан.

Регионот веќе се смета за најсиромашен со резерви на вода, во голема мера зависи од подземните води и прочистената морска вода, а се соочува со бројни предизвици поврзани со водата во блиска иднина, се вели во извештајот.

Меѓу другите нации што најверојатно ќе се соочат со недостиг на вода се големите економии САД, Кина и Индија. Овие земји веќе се борат со недостаток на вода и ќе се соочат со слични нивоа на криза со водата и во 2040-тата. Како и да е, во некои региони како што се југозападниот дел од САД и кинеската провинција Нингчиа, дефицитот на вода може да се интензивира за 40 до 70 отсто.

Автсралија, Индонезија, Филипините, Монголија, Намибија, Јужна Африка, Боцвана, Перу, Чиле и дел од северно африканските земји исто така се под голем ризик за повеќекратен недостиг на вода до 2040-тата година.

За студијата, тимот истражувачи ги поделиле земјите во светот на повеќе помали региони и ги означиле проектираните очекувања за врнежи за секој регион, со очекуваните зголемувања во побарувачката на вода. Земјата чии потреби за вода биле проценети дека се над 80 проценти од нивната достапна површинска вода, биле определени дека имаат мошне „висок ризик“ да се соочат со недостаток на вода.

Климатските модели покажуваат дека кога има потопли климатски услови водата што испарува на Екваторот оди повисоко во атмосферата и ќе патува многу повеќе на север или на југ. Па така местата каде што сега редовно имаме врнежи ќе бидат одминувани, па врнежите же одат подалеку на север или на југ, вели Чарлс Исланд, директор на WRI.

Тој посочува дека прогнозите за врнежи во следниот период во студијата се изведени врз основа на посочените климатски модели кои што предвидуваат како таквите прогнози за врнежи ќе се менуваат ако климатските промени продолжат со истиот интензитет.

Како што вели, земјите што се поблиску до Екваторот се смета дека ќе бидат најсилно погодени.

Во ова истражување Македонија се најде на 17-тото место на земјите што имаат можност да се соочат со најголем ризик од недостаток на вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...