Пензионерите и натаму ќе одат на бесплатна бања и туристички викенд

Продолжува проектот за бесплатна бања и туристички викенд за пензионерите. Наредната недела започнува втората фаза од реализацијата на двата проекти: за бесплатна бањско климатска рекреација и за бесплатен туристички викенд за пензионерите во Република Македонија. За ова денес информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денеска изврши увид во реконструкцијата на пензионерскиот дом во Автокоманда.

Спасов: Околу 1.250 пензионери ќе одат на бања и околу 950 ќе одат на викенд

Годинава, како што информира Спасов, околу 1.250 пензионери ќе го искористат проектот бесплатна бањско климатска рекреација и околу 950 ќе ги искористат поволностите од проектот за бесплатен туристички викенд.

Вкупно 2.200 пензионери во периодот од септември октомври ќе ги искористат целосно бесплатните услуги од овие проекти кои наидоа на огломен интерес и задоволство кај оваа категорија граѓани кои им помагаат да се социјализираат, да се рекреираат, да стекнат нови пријателства, им помагаат да имаат поквалитетен живот, истакна министерот Спасов.

Додаде дека покрај тоа, со проектите им помага и на туристичките капацитети во Република Македонија, но и на развојот на бањскиот туризам во Македонија.

Спасов информира дека за реализација на овие два проекти за годинава се обезбедени околу 48 милиони денари.

Вкупно во октомври и ноември со двата проекта ќе бидат опфатени 8.500 пензионери што е значителна бројка на искористеност, рече Спасов и додаде дека во септември ќе биде распишан оглас за двата проекти за 2016 година.

Министерот потенцира дека и во иднина ќе се продолжи со реализација на проекти кои го подобруваат животот на пензионерите во Македонија во соработка со Фондот на ПИОМ и Сојузот на пензионери.

Претседателот на Сојозот на пензионери на Македонија Драги Аргировски истакна дека на ваков начин се приодонесува за создавање на подобри услови за пензионерите во македонија за квалитетот на нивниот живот.

Тоа, како што рече Аргировски, за пензионерите ќе значи дека и третото доба може да биде достоинствено и оти активно и здраво можат да стареаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...