Продолжува изградбата на 126 километри експресни патишта вредни 276 милиони евра

Дојран, 31 август 2015 (МИА) - Проектот за експресните патишта се одвива одлично. На дел од патиштата во тек се градежни активности, а за оние што не се почнати, подготовките се во завршна фаза, изјави во Дојран премиерот Никола Груевски, одговарајки на новинарско прашање.

Тој најави дека следниот месец започнува темелната реконструкција на патот Гевгелија - Смоквица во должина од 10,5 километри за кој ќе бидат инвестирани седум милиони евра, а кон ноември - декември се очекува да почне и градбата на експресниот пат Градско - Прилеп со четири ленти, како и на патот од Ранковце до Крива Паланка.

Во првата половина на следната година треба да започне и градбата на патот Охрид - Пештани и патот Кочани - Штип со четири ленти, како и патот Радовиш - Штип исто така со четири ленти, рече Груевски.

Во моментот во длабока фаза на проширување е и регионалниот пат од Велес до Штип кој треба да премине во експресен пат.

- Сите овие проекти вредат околу 276 милиони евра, значајни средства за околу 126 километри пат коишто ќе бидат од голема корист не само за граѓаните од тој регион, туку за цела држава затоа што тоа се патишта по кои патуваат луѓе од целата држава, а исто така и странци, оцени премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...