Приведен насилникот од Ѓорче Петров што уби коњ

Насилникот кој до смрт имачуваше коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, во моментот е во полициска станица на распит.

Полицијата, вчера на сторителот на овој громозорен чин, му поднела прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир, за што според член 29 од надлежниот Зконот, казната се движи од 100 до 400 евра.

Се очекува денеска, против него да биде поднесена и кривична пријава за малтретирање и убивање на животно, за што според кривичниот законик, следува каазна до една година затвор.

Јавноста за викендов ја потресоа фотографии од изнемоштен коњ во дворот на ова училиште, кој истиот ден почина, што резултираше со бројни осуди и брање одговорнот од надлежните кои дозволуваат и не санкционираат изживување со животното, кое според очевидци се случувало многу често, а особено што тоа се случува во дворно место на образовна институција.

Според граѓанското здружение „Анима Мунди“, сопственикот на животното имал навика, да купува коњи и да ги изнемоштува до смрт, за потоа со нив да храни кучиња кои ги подготвувал за борби, што пак, претставува кривично дело за кое се одговара по закон.

Оттаму тврдат дека насилникот имал уште еден коњ, кој го чувал, со истата цел, да го измачува до смрт и месото да им го даде на кучињата кои ги подготвувал за борби. По настанот, велат, другиот коњ го сокрил, а се шпекулира дека жвотното е однесено во селото Кучково.

Претходно од здружението реагираа дека, по најава на загрижен граѓанин, тие веднаш дошле на местото каде што бил измачуван коњот, со соодветен транспорт и ветеринар. Откако коњот добил инфузија, тие побарале од полицијата да го транспортираат на соодветно место, но полицијата не дозволила, туку коњот му го вратила на насилникот, иакао тој немал документ за сопствеништво. По само неколку часа, животното беше убиено.

Вчера пред полициската станица во Ѓорче Петров, граѓани и активисти протестираа со барање насилникот да се казни и да не му се дозволи да го убие и вториот коњ, кој сеуште е кај него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...