Во штипските основни училишта свечено примени првачињата

Штип, 31 август 2015 (МИА) - Во штипските основни училишта денеска свечено беа примени првачињата. Во петте основни училишта во училишните клупи од утре редовна настава ќе посетуваат 460 првачиња, информираа од Одделението за образование во Општина Штип.

Најголем број првачиња годинава ќе прими ООУ „Димитар Влахов“ во населбата Сењак. Директорот на ООУ „Димитар Влахов“, Јорданчо Митков вели дека годинава во училиштето имаат 140 првачиња, распоредени во пет паралелки.

- Во однос на ланската година имаат зголемен број првачиња и тоа за 20 проценти, точно за една паралелка е зголемен бројот на првачињата во нашето училиште, нагласи Митов.

Во општина Карбинци,соседна општина на Штип, во училишните клупи утре ќе седнат 60 првачиња, а оваа бројка е поголема за 20 првачиња во споредба со минатата година.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов вели дека утре ќе го посети основното училиште, но и подрачните, каде што на учениците ќе им додели и пригодни подароци за успешен почеток на новата учебна година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...