АХВ ќе преземе мерки за случајот со измачуваното животно во Ѓорче Петров

Скопје, 31 август 2015 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство по поднесена претставка од страна на Здружението за заштита на животните Анима Мунди во врска со мачење на животни од видот коњи на 29. август, веднаш излезе на терен со цел констатирање на фактичката состојба.

Како што се наведува во соопштението од АХВ, согласно наводите во претставката се работи за жител од населбата Ѓорче Петров кој спрема своето животно постапувал спротивно на одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните.

- Официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство најпрво се обратија до полициските службеници од полициската станица Ѓорче Петров каде беа информирани дека и тие имаат пријава за таков случај и дека веќе водат постапка согласно нивните надлежности. Увидот беше извршен на 29 август, во дворот на училиштето, и во непосредната околина, каде не беа забележани коњи, а на адресата на пријавениот, посочена од полицијата, не беше присутен сопственикот поради што неможеше да се направи увид, се наведува во соопштението.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство посочуваат дека го очекуваат извештајот на СВР Скопје за конкретниот случај, а исто така е побаран и извештај од докторот по ветеринарна медицина, кој му дал прва помош на животното, а кој ќе помогне во утрдувањето на тоа дали животното починало  како последица на нехумано однесување на сопственикот или од друга причина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...