Министерот Попоски на Бледскиот стратешки форум

Скопје, 31 август 2015 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, кој ќе се одржи денеска и утре во Блед, Република Словенија.

Како што соопшти МНР, форумот, кој се одржува по 10-ти пат, оваа година ќе биде под насловот, „Визии на нови партнерства“, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на земјата домаќин, Борут Пахор, претставникот на генералниот секретар на ОН, Кристијан Фрис Бах,  премиерот на Големото војводство Луксембург, Ксавиер Бетел, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ,  претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ и генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Ламберто Заниер.

Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратешки размислувања”, во рамки на кој ќе се обратат и шефовите на дипломатиите на Албанија Дитмир Бушати, на Турција Мевљут Чавашоглу, на Босна и Херцеговина Игор Црнадак, на Бугарија Даниел Митов, на Унгарија Петер Сијарто, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи. Пред присутните ќе говорат и заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски односи во Стејт-департментот Хојт Ји, германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот, министерот за европски односи на Француска Република Арлем Дезир, како и директорот за истражување и професор на францускиот Центар за меѓународни студии, Жак Рупник. 

На маргините на форумот, предвидени се и билатерални средби на министерот Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...