Опозицијата достави предлози за пополнување на собраниските комисии

Скопје, 2 септември 2015 (МИА) - Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието достави листа на пратеници за испразнетите места во собраниските комисии и тела, а наскоро се очекува да биде доставен и предлогот за  потпретседател на Собранието. 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески вели дека очекува во најскоро време да биде закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се уште не го открива името на пратеникот кој ќе ја извршува и потпретседателската функција до изборите во април.

Претседателот Комисија за избори и именувања, пратеникот Зоран Илиоски рече дека попладнево бил известен дека предлозите се стасани до службите и оти по нивното разгледување ќе биде одреден термин за одржување на седница. 

Освен дополнување на испразнетите места во собраниските комисии, ќе се обнови и составот на комисиите за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникации од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Откако предлог-одлуките ќе го минат комисискиот филтер се очекува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да закаже седница на која тие ќе бидат донесени. 

Вчера пратеничката група пратеничката група на СДСМ до Собранието доставила известување за повлекување на нивните оставки, со што и официјално тие се приклучија на работата на Парламентот.

Опозициските пратеници денеска присуствуваа на средбата со францускиот државен секретар Арлем Дезир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...