Началникот на ГШ на АРМ во посета на војниците ангажирани во Порој

Скопје, 2 септември 2015 (МИА) - Началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата на Република Македонија (АРМ) генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски денеска ги посетија припадниците на инжинерискиот баталјон на АРМ, ангажирани на реконструкција и изградба на мостовите во село Порој, Тетовско.

Во присуство на градоначалничката на Тетово Теута Арифи и заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, генералот Величковски истакна дека со изградбата на мостовите во Порој, припадниците на АРМ даваат конкретна помош на месното население, погодено од невремето.

Началникот на ГШ на АРМ ја нагласи подготвеноста на АРМ за помош на цивилното население, во услови на елементарни непогоди, укажувајќи на фактот дека ова е најдобриот начин Армијата да биде поблиску до граѓаните, но и прилика за јакнење на соработката со цивилните структури во Република Македонија.

Искажувајќи благодарност до АРМ, Теута Арифи ја потенцираше одличната соработка со Армијата, при што уште еднаш го истакна ангажирањето на припадниците на АРМ во тетовскиот регион по невремето на почетокот на август годинава.

Припадниците на инжинерискиот баталјон,како што се наведува во соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на АРМ, се ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштеувања после полавите изминатиот месец, при што е предвидено, во најбрз можен рок, тие да бидат завршени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...