Собранието ќе гласа за предлогот за потпретседател

Собранието ќе гласа за предлогот за потпретседател. За денес, во законодавниот дом на Република Македонија, се закажани две седници на кои, меѓудругото, ќе се гласа за предлогот Рената Тренеска Дескоска да биде потпретседател од редовите на СДСМ.

Инаку, во четвртокот Рената Треневска Дескоска бешепредложена од страна на СДСМ за потпретседател на Собранието. За овој предлог на прес-конференција информираше координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски.

Покрај ова, пратениците ќе гласаат и за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела. Пратеникот Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, додека Хари Локвенец на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Во рамки на 65. седница на дневен ред се и неколку закони во второ читање. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска го закажа и продолжението на четвртата седница на која треба да биде констатирано известувањето за повлекувањето на оставките на опозициските пратеници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...