Триесетдневен притвор за косовски и за македонски државјанин

Тетово, 4 септември 2015 (МИА) - Две лица, еден косовски државјанин и еден македонски државјанин, денеска добиле по триесет денови притвор од страна на судија во претходна постапка во тетовскиот Основен суд, информираше попладнево портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во првиот случај станува збор за косовскиот државјанин У.Н.(27) по кого било распишна меѓународна потерница  за сторени кривични дела во Република Словенија.

- Косовскиот државјанин бил лишен од слобода на  граничниот премин Јажинце и вчера околу 15 часот бил донесен во СВР Тетово односно Полициската станица Тетово.  Денеска предпладне беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово кој му определил мерка притвор од 30 дена и која веќе ја издржува во КПУ „Тетово“ изјави Јосифовски.                     

Во вториот случај триесет дена притвор судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово попладнево му определил и на Н.З.(51) од тетовското село Одри кај кого вчера беше извршен претрес во домот и помошни простории и беше пронајдено оружје и муниција односно пушкомитралез ДЕ 806 калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин “Стејер“, исто така калибар 7, 62 милиметри за кој поседувал дозвола, 406 куршуми калибар 7,62 милиметри ставени во реденик, најлонско ќесе и метална кутија како и 150 куршуми калибар 12,7 милиметри што се наоѓале во две затворени метални кутии.

- Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути тој беше лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител беше задржан во СВР Тетово по што против него изготвена е кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи ( член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија ). И тој денеска предаден е во КПУ „Тетово“ рече Јосифовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...