Специјална едиција со копии од документи по повод Денот на независноста

Скопје, 4 септември 2015 (МИА) -  По повод Денот на независноста на Република Македонија - „8 Септември“, Државниот архив публикува серија копии од репрезентативни документи од македонското културно наследство.

- Од богатата ризница на архивски материјал избрани се: фрагмент од Евангелието на Лука од 12. век, Решението за прогласување на Илинден - 2 август за народен празник на Македонија од 1944 г., Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија од 1944 г., Законот за името на Народната Република Македонија од 1946 г. и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 1991 година, соопшти денеска Државиот архив на РМ.

Ексклузивната серија, изработена на „фабијано“ хартија, е прва едиција од овој вид наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...