После непроспиена вечер: Катица Јанева е избрана за Специјален обвинител

Актуелната обвинителка од Гевгелија, Катица Јанева, ќе биде Специјален јавен обвинител. Ова е резултатот од договорот кој што го постигнаа четирите партии по маратонските преговори што траеја до раните утрински часови.

- Постигнат е договор и за Закон за специјално обвинителство. Самиот обвинител ќе ги бира своите соработници, како што предложија европските консултанти. Маратонските разговори се одвиваа под силен притисок на меѓународната заедница. На европскиот експерт Питер Ванхауте последните два дена му се придружија амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли. Неофицијално, на финалното договарање присуствувале и лидерите Груевски и Заев, пишуваат медиумите.

Според договореното предлог законот уште денеска ќе се најде во Собрание. Во текот на денот се очекува да биде изгласан, да биде отпечатен во Службен весник, потпишан, да влезе во сила, а потоа според него да биде избран Специјалниот обвинител. Со тоа ќе се запази рокот, договорен во Пржино, а истекува денеска.

Инаку Јанева е обвинителка од Гевгелија и се смета за изненадување во преговорите бидејќи условно речено таа е непознато име. Така според информациите било и барано со цел да се обезбеди целосен кредибилитет на новиот обвинител.

Со изборот на специјален јавен обвинител ќе се испочитува уште една обврска од договорот за надминување на политичката криза во Македонија. Претходно согласно договореното, опозицијата предводена од СДСМ на 1 септември во Собранието на Република Македонија. Со Договорот од Пржино е предвидено и инаугурација на нова влада на 15 јануари 2016 година, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016 година. На чело на новата влада ќе биде нов премиер номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Програмата на Владата е ограничена на организирање предвремени парламентарни избори. Предвидено е на 20 октомври да бидат именувани нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика по предлог на СДСМ. Во тие министерства истовремено ќе бидат именувани нови дополнителни заменици министри на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Заменици министри, по предлог на СДСМ, пак, ќе бидат именувани во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за информатичко општество и администрација. Тие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во соодветните министерства по сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...