„То Вима“: САД инисистираат на името Република Македонија

Атина, 29 септември 2015 (МИА) – Спорот за уставното име на Макeдонија брзо станува голем проблем меѓу Грција и САД, изјавиле странски дипломатски извори за весникот „То Вима“, додавајќи дека САД го одбиле грчкото барање Скопје да учествува под привременото име ПЈРМ на разговорите за насилен екстремизам во Њујорк.



Според дипломатски извори на кои се повикува весникот, нашата земја била поканета како „Република Македонија“, име кое САД го призна во 2004 година, и покрај грчките приговори.

- Ова е вторпат американските власти да игнорираат вакво барање на грчката Влада. Во декември 2014 година ФИРОМ беше насловена како „Република Македонија„ во заедничкото соопштение за формирање коалиција против таканаречената „Исламска држава“. Министерот за надворешни работи во тоа време, Евангелос Венизелос упати официјална жалба до неговиот американски колега Џон Кери и одлучи да не учествува на состанокот, потсетува „То Вима“.

Дипломатските извори објасниле дека и во двата случаи, одбивањето на грчките барања дошло од помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд. Таа, според „То Вима“, му рекла на грчкиот амбасадор во Вашингтон, Христос Панагопулос подобро директно да се позанимава со темата, кога тој ја посетил со цел да се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни.

- Прашањето дополнително се комплицира од фактот што Грција е поканета на денешниот состанок во својство на набљудувач, со оглед на тоа што не учествуваше на минатогодипниот прв состанок и не се соочи со какви било проблеми поврзани со насилен екстремизам. Како таква, Атина нема право да зборува или да поднесе жалба. Останува непознато дали Грција ќе биде претставена на состанокот. Во случај Грција да присуствува, неизвесно е кој ќе ја претставува, со оглед на тоа што идејата на господинот Ципрас е одбиена“, пишува „То Вима“.

Во соопштението во врска со разговорите за насилниот екстремизам, грчкото Министерството за надворешни работи истакна дека тие ќе обезбедат можност за понатамошно координирање на меѓународната заедница и другите членки на Алијансата во однос на таканаречената „Исламска држава“, како дел од изнаоѓање решение за сирискиот проблем и стабилизирање на поширокиот регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...