Deutsche Welle

Обвинителите пред испит: Лојални кон институцијата или кон партијата?

Тимот на Јанева втор ден е на јавна рецензија: едни се уверени во нивната независност, други препознаваат партиско делегирани кадри, но ќе бидат среќни ако тимот го демантира тој впечаток.

Не стивнуваат коментарите откако специјалната обвинителка Катица Јанева вчера до Советот на обвинители го достави предлогот за нејзиниот тим - список со 14 јавни обвинители, кои заедно со неа треба да ја водат истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите. На листата се 13 основни обвинители и само еден од Обвинителството за организиран криминал и корупција. Оценката на Јанева дека станува збор за „истакнати професионалци кои уживаат доверба и висока репутација“, веќе втор ден е на јавна рецензија во стручната јавност. Костадин Кизов, поранешен претседател на Советот на обвинители, се согласува со оценката на Јанева.

„Сите се избрани во периодот меѓу 2010 и 2014 година, кога јас бев претседател на Советот на обвинители. Речиси сите се со завршена академија за судии и обинители, сите поминале обука за новиот закон за кривична постапка, сите биле на соодветни стручни обуки во земји на ЕУ. Сите се релативно млади и верувам дека ќе одговорат на предизвикот. Со оглед дека обвинителката има обврска по шест месеци да достави извешај за нивната работа, точно ќе знаеме дали ја оправдале укажаната доверба. Инаку, досега сме немале претставки од граѓани за нивната работа во обвинителствата каде што биле избрани“, вели Кизов.



Новинарот Томислав Кежаровски

За општата изненаденост од предлогот Лиле Стефанова да биде во тимот на Јанева, обвинителка во чиј минат труд е и предметот за случајот „Ликвидација“ во кој меѓудругите беше осуден и новинарот Томислав Кежаровски, Кизов вели: „Обвинителката сигурно ја имала предвид нејзината работа штом ја предложила во тимот. Патем, Стефанова досега била позитивно оценувана врз основа на годишните извештаи“.

Партиски „делегирани“?

За многумина беше очекувано Јанева да предложи кадри исклучиво од основните обвинителства, бидејќи беше извесно дека ниту еден обвинител кој бил на повисок ранг од неа, не би прифатил да биде нејзин заменик. Но без оглед на фактот што предложените доаѓаат од основни обвинителства, фокусот е насочен кон нивниот минат труд и обвинителски интегритет.

Законскиот рок во кој новото обвинителство во Македонија може да покрене обвинение е краток и ги доведува во прашање искреноста на процесот и борбата против неказнивоста, реагираат правни експерти (16.09.2015)

„Сите ги познавам и затоа нема да ги коментирам“, кратко одговара поранешниот државен јавен обвинител, Стеван Павлевски, оставајќи со тоа јавноста сама да ја дешифрира двосмисленоста на неговата изјава.

Во стручните кругови најмногу го посочуваат фактот дека најголем број од предложените доаѓаат од скопското обвинителство, но и дека никој од нив нема обвинителско искуство поголемо од 5 години. Други пак сметаат дека тоа не мора да биде хендикеп. Адвокатот од Битола, Васко Ѓеоргиев, вели дека не ги познава сите, но ако треба да го изгради првичниот впечаток според оние што ги познава, тогаш е оптимист.

„Дел од предложените обвинители добро ги познавам. На пример, Снежана Бундалевска е искусен обвинител и верувам дека ќе постапува строго професионално. Слично мислење имам и за Артан Ајро и Трајче Пеливанов и очекувам сериозно да одговорат на функцијата. Не треба да се шири некаков песимизам заради нечија младост или помало искуство. И не треба да се заборави дека најголем дел од работата ќе ја вршат истражителите. Тие ќе ги 'хранат' обвинителите со материјални докази, по кои обвинителите ќе бидат должни да постапат. Исто така, сметам дека ќе бидат целосно исклучени некакви изигрувања на законот, бидејќи нивната работа ќе биде под силен странски и домашен мониторинг“, вели Ѓеоргиев.

За разлика од него, адвокатот Александар Тортевски не е оптимист во однос на предложениот тим, но ќе биде многу среќен ако го демантираат.

„Според предлогот, изгледа дека четирите партии подеднакво партиципирале со свои кандидати. Кога јас би требало да избирам, од тој тим би избрал само тројца. Иако не сакам тоа да се случи, стравувам дека ќе има страшно протекување на информации, токму заради партиското 'делегирање' на кадри. Се плашам дека некои од нив ќе бидат повеќе лојални на партијата отколку на институцијата. Генерално, тимот не ми влева надеж, но - да им дадеме шанса. Ќе бидам многу среќен ако ме демантираат и во таков случај подготвен сум јавно да им се извинам“, вели Тортевски.

Комплетирање до 15 октомври

И додека јавноста прогнозира дали и со каков правнички сензибилетет и искуство располагаат предложените обвинители, Јанева е посветена на доекипирање на институцијата. Најдоцна до предвидениот краен рок - 15 октомври ќе се знае и кои истражителите кои ќе бидат во тимот на обвинителката. Тогаш и новата институција треба да почне со работа во посебни простории. Во моментов, специјалната обвинителка е привремен потстанар во две канцеларии во Министерството за правда, а распишан е повик за прибирање понуди за простории под закуп, бидејќи објектите кои ги предложила владината Служба за општи и заеднички работи, не биле соодветни. Според законот, Министерството за правда е должно во рок од 3 дена по изборот на обвинителката да и обезбеди времено сместување, а во рок од 30 дена целосни просторни услови. Тој рок истекува на 15 октомври.



Потоа новата институција треба интензивно да се посвети на работата, со оглед дека роковите во законот не дозволуваат временски комодитет. Според членот 22 од законот, „Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка, во период не подолг од 18 месеци од денот на преземање на предметите и материјалите во негова надлежност“.

Во меѓувреме, се уште се чека одлуката на Апелациониот суд во Скопје, кој треба да реши дали прислушуваните разговори од „бомбите“ може да се користат како доказ, откако судија на претходна постапка забрани да се користат како такви. Обвинителите поднесоа жалби на ваквото решение на судот, за 21 предмет. Жалби нема само за предметите во кои бил опфатен премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...