Груевски: Потребна е конкретна демонстрација на политика на превенција на конфликти

Скопје, 2 октомври 2015 (МИА) - Ситуацијата на Блискиот Исток, посочи, останува сериозен проблем и се влоши се појавата на ИСИС и нивниот распространет терор во регионот. Оваа безбедносна закана, наведе во обраќањето пред Генералното Собрание на ОН македонскиот премиер Никола Груевски, пред нас го поставува предизвикот на странски борци, нови терористички закани, верска нетолеранција, насилен екстремизам, расна омраза. За справување со проблемот, посочи тој, потребна е конкретна демонстрација на политиката на превенција на конфликти, 

- ИСИС не е закана само за Блискиот Исток, таа стана глобална закана на која никој од нас не е имун, а особено земјите од Југоисточна Европа каде што веќе ги имаме и првите отворени аспирации за поголема пенетрација на ИСИС, но и остварување на поголемо влијание кај населението заради регрутација, факти кои може да имаат сериозно влијание во нарушување на стабилноста на мултиетничките општества. Затоа, враќањето на мирот и стабилноста на Блискиот Исток, особено во Сирија и Ирак, е прашање од најголема важност. Позитивниот развој со договорот П5+1 со Иран за нуклеарната програма сигнализира дека другите прашања на Блискиот исток може успешно да бидат решени. Од друга страна, во меѓувреме е потребна конкретна демонстрација на политиката на превенција на конфликти, за која расправавме токму во ОН, и тоа токму во нашиот регион, рече Груевски.

Според него, со заеднички ангажман на ОН, колективните системи за безбедност, но пред се, преку соработка на безбедносните служби од регионот треба да се елиминира опасноста од радикализамот во кој било облик, ширењето на платформата на ИСИС, но и превенирање изолирани конфликти или обиди за дестабилизација во овој регион.

- Акциите за сузбивање на јадрата на оваа организација кои се спроведуваат во земјите од регионот се позитивен исчекор, но треба да се продолжи и со правилен пристап кон населението кое е цел на нивната идеолошка индоктринација преку едукација, давање на можности и социјална инклузија базирана на вредностите на ОН, посочи претседателот на македонската Влада.

Во обраќањето пред генералното Собрание на ОН Груевски порача и дека Република Македонија ќе продолжи да работи заедно со сите земји-членки на ОН за зацврстување на меѓународниот мир и безбедност, промовирајќи ги човековите права и постигнувајќи ги глобалните развојни цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...