Седмa кампања „Напред розово 2015-чекори против ракот на дојка“

Скопје, 4 октомври 2015 (МИА) - Во рамки на седмата традиционална Кампања за борба против рак на дојка, насловена како „Напред розово 2015-чекори против ракот на дојка“, денеска во Скопје ќе се одржи розова прошетка.

Повеќе од 1.500 учесници ќе пешачат три километри и ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка. 

Во прошетката ќе учествуваат сите граѓани на Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на „Борка“ од Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Македонски Брод и Тетово.

По прошетката, како што информираат од „Борка“, ќе следува музички хепенинг со цел да им се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.

Кампањата за борба против рак на дојка е организирана од здружението „Борка-за секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...