Планинарски хепенинг „Да поШАРаме до Пожаране“

Скопје, 4 октомври 2015 (МИА) - Запознавање и уживање во убавините на Шар Планина, е целта на планинарско - велосипедскиот хепенинг „Да поШАРаме до Пожаране“, што ќе се одржи денеска во селото Пожаране.

Планинарско - велосипедскиот хепенинг е во организација на ПД „Трансверзалец" од Скопје, а во соработка со ПД „Бистра" – Гостивар, ВК „Адреналин" – Гостивар и здружението „Единствена Македонија".

Настанот, како што информираат организаторите, вклучува две планинарски и две велосипедски тури.

Во рамките на планинарските тури првата вклучува искачување на врвовите Голема и Мала Враца, а помалата тура предвидува прошетка околу селото и шумата со костени до археолошкиот локалитет Долна Локва.

Велосипедските тури опфаќаат возење по трасата „Шарски Води“ од Попова Шапка до Пожаране (55 км) и од Гостивар преку селото Долно Јеловце до Пожаране (35 км).

Спортско-рекреативните активности завршуваат околу 16 часот во дворот на селската задруга во Пожаране, каде ќе има заеднички ручек и музичка забава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...