Дефиле на миленици за Светскиот ден на животните

Скопје, 4 октомври 2015 (МИА) - Светскиот ден за заштита на животните - 4 октомври денеска ќе биде одбележан и во Скопје со дефиле на миленици. Најшармантните миленичиња и нивните сопственици во Рамстор мол ќе добијат благодарници од стручно жири.

Одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животните започнува во 1931 година, кога во Фиренца, на конференција на еколозите, е предупредено за одредени загрозени животни. Оттогаш, овој датум прерасна во Светски ден за заштита на животните посветен на сите животински видови, а последниве години е проширен и на недела на заштита на животните која трае до 10 октомври.

Овој ден претставува повод за бројни поединци и организации од сите делови на светот да предупредат на проблемите со кои животните се соочуваат денес, и да ги поттикнат луѓето да размислуваат за својот однос кон животните, потребата животните да се почитуваат и заштитата на животните навистина да стане важно општествено прашање.

Според податоците на светските организации, во светот секој ден исчезнуваат стотина животински видови, најзагрозени се морските желки, горилите, пандите, слоновите, китовите и тигрите.

Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, да им даде дом, да ги нахрани и да помогне нивниот живот да биде поубав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...