Законот за необјавување прислушувани разговори можат да го повлечат само предлагачите

Скопје, 7 октомври 2015 (МИА) - Предлог-законот за необјавување на аудио снимки од прислушувани разговори останува во собраниска процедура.

Деловнички, како што информираат од Собранието на Република Македонија, законот не може да биде повлечен од страна на претседателот на Парламентот Трајко Велјаноски, туку во оваа фаза тоа можат да го сторат само предлагачите, пратениците Талат Џафери од ДУИ и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите, по скратена постапка, пратениците го поднесоа вчера, а тој попладнето беше доставен до пратениците.

За време на синоќешните разговори за измени во изборното законодавство во согласност со договорот од Пржино, според информациите што ги објавија некои медиуми, СДСМ побарала повлекување на овој закон.

Доколку Предлог-законот остане во собраниска процедура, односно не биде повлечен, тој мора во рок од 20 работни дена да биде ставен на дневен ред на собраниска седница. Во тој случај во законот ќе може амандмански да се интервенира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...