Кривична пријава за скопјанец кој одгледувал марихуана

Скопје, 7 октомври 2015 (МИА) - Секторот за внатрешни работи од Скопје во рамки на акцијата „Мрежа“ поднесе кривична пријава против 25-годишниот Д.Г. од Скопје поради основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој во текот на годинава набавил семе од „канабис сатива“ и го засадил во месноста викана „Песовци“ во атарот на Драчево при што стеблата ги одгледувал во пластеник и ги наводнувал преку систем „капка по капка“. 

На 5 октомври извршен е претрес на парцелата која била сопственост на В.С., а осомничениот ја изнајмил и користел. Во еден од пластениците се пронајдени 135 стебла кои се предадени за вештачење и е потврдено дека се „канабис сатива“.

Досега во рамки на акцијата поднесени се кривични пријави против повеќе од 195 лица и запленети се над 540 килограми најразновидни наркотични средства и стебла од растението канабис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...