Промовирана Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“

Скопје, 7 октомври 2015 (МИА) - Промовирање на македонската култура и традиција и грижа за македонското културно и духовно наследство е целта на Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ која денеска беше промовирана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Според основачот на Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, обврска е на секој успешен бизнисмен да инвестира во развојот на својата татковина.

- Целиот мој живот и сите мои активност се насочени кон зачувување на уставното име, заштита и унапредување на македонскиот националниот идентитет и грижа за сите македонци кои живеат надвор од татковината, истакна Атанасовски.

Ние, како Македонци, рече тој, не смееме да се обесхрабруваме дури и тогаш кога битката за македонскиот национален идентитет, јазик и култура е долга, макотрпна, на моменти и фрустрирачка, како што тоа е случај во соседна Грција, како резултат на ирационалната политика на официјална Атина.

Директорот на Фондацијата Николас Атанасоски истакна дека таа ќе ги стипендира  најдобрите ученици, студенти, како и дека ќе го потикнува спортскиот дух.

- Ќе го развиваме и претприемништвото кај младите преку едукативни програми и поддршка на мали бизниси. Ќе издаваме публикации, ќе организираме дебати и трибини за македонското културно творештво. Ќе ја развиваме етничката толеранција и ќе промовираме социјални проекти од интерес на заедницата, рече Атанасоски.

Фондацијата ќе спроведува широк спектар активности насочени кон промоција на на македонската култура и традиција преку оформување владини политики и преку поддржување на образованието, медиумите, јавното здравство, човековите права и правата на жените, како и на социјалната, правната и економската реформа и спортот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...