Од дрвокрадци во Тетовско одземени 15 метри кубни дрва

Тетово, 7 октомври 2015 (МИА) - Над 15 метри кубни нелегално исечени огревни дрва одзеле полицијата и Шумската полиција во два случаи, откриени вчера во Тетовско.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, поголемата количини или околу 14 метри кубни буково и дабово дрво биле откриени околу пладне во дворот од куќата на Ф.А.(38) во тетовското село Јажинце.

- Бидејќи сопственикот не поседувал никаква документација за исечените дрва тие со потврда биле одземени од полицијата и предадени на Шумската полиција, додека Ф.А. бил приведен во полициското одделение во Теарце и по извршениот разговор бил пуштен, рече Јосифовски. 

Во вториот случај, синоќа околу 21 часот полицајци од полициската станица Групчин запреле патничко возило „Ланчија либра“ без регистерски таблици. Возилото било натоварено со метар кубен дабови дрва, а го управувал Ф.С.(58) од Бојане. Во возилото се наоѓал и сопатникот Ф.Р.(39) од Чифлик.

Јосифовски истакна дека и во овој случај лицата во возилото немале документи за исечените дрва поради што биле приведени и по разговорот со нив биле пуштени. Дрвата биле одземени, фото документирани и предадени на Шумската полиција за натамошна постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...