Во Велес промовирано ДВД - 60 години Ансамбл „Керамичар“

Велес, 7 октомври 2015 (МИА) -  На големата сцена на новата театарска зграда на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа свечено беше промовирано ДВД–то 60 години Ансамбл „Керамичар“.

ДВД-то го промовира м-р Бошко Тренески, долгогодишен директор на Ансамблот „Танец“, кој потсети дека Ансамблот за народни игри и песни „Керамичар“ во изминатите шест децении беше еден од чинителите во Македонија кој го негуваше, надградуваше и афирмираше непресушниот народен вруток со акцент на богатата песнопојна и играорна традиција од цела Македонија.

- Репертоарот на ансамблот го сочинуваат песни и ора од цела етничка Македонија преточени во фолклорни кореографии прилагодени според возраста на младите уметници, изработени од професионалци во фолклорот. Покрај кореографските постановки ансамблот ја негува богатата песнопојна народна и градска традиција, рече Тренески.

Информира дека на ДВД-то се претставени играорците со голем број ора од повеќе региони на Македонија, инструменталните достигнувања на оркестарот преку повеќе народни и чалгиски ора, како и солистите на ансамблот во исполнување на народните песни.

Тренески воедно потсети дека од 1954 година до денес Ансамблот „Керамичар“ настапил на над 3.700 концерти и фестивалски претставувања во 24 земји во Европа, Азија и други континенти од каде секогаш се враќал со награди и признанија.

Меѓу позначајните награди на Ансамблот „Керамичар“ се: „Бронзен гердан“ освоен на ММФ во Дижон Франција во 1981 година, „Сребрен гердан“ освоен на ММФ во Дижон Франција во 1993 година, „Сребрен медал“освоен на Детски Фолклорен Фестивал во Адапазар Турција во 2013 година, и во 2014 година Спомен плакета „9 Ноември“ на општина Велес.

Промоцијата беше збогатена со настап на првата постава на играорната група и оркестарот на Ансамблот „Керамичар“ и Трајче Ламјов од пеачката група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...