Оружен грабеж во филијала на Стопанска банка во Ѓорче Петров

Скопје, 8 отковмри 2015 (МИА) - Вооружено маскирано лице попладнево извршило разбојништво во филијала на Стопанска банка во Ѓорче Петров и украло одредена сума пари. Грабежот во полиција бил пријавен од вработена во банката во 14 часот и 10 минути, по што веднаш интервенирала полициските „алфи“.

Како што информира портпаролот на МВР Иво Котевски, лицето било забележано како влегува во патничко возило цитроен со скопски регистарски таблици и заминува во правец кон Карпош. Алармирани се сите полициски службеници вклучувајќи ги „алфите“ кои се обиделе да го запрат возилото кај мостот Влајко, но крадецот почнал да пука кон нив, по што тие возвратиле. По престрелката возилото е запрено, а ограбувачот со екипа на итна медицинска помош е префрлен во Градската болница за  да му биде укажана медицинска помош.

- Дополнително чекаме лекарите да се произнесат  за карактерот на повредите.Во моментот се врши увид и на местото каде што се случила престрелката и е повредено лицето и на местото каде што е извршено разбојништвото филијалата на Стопанска банка. Од увидот  досега е обезбедено и оружјето со кое што лицето го извршило разбојништвото, а се вештачи и автомобилот и се утврдува целиот склоп на околности  околу двата кривично правни настани кои се случија во многу кус временски рок, изјави Котевски.

Стопанска банка попладнево преку соопштение информира дека нема повредени меѓу вработените во филијалата. Согласно правилата случајот веднаш бил пријавен во полиција и до надлежните во банката. Во тек е истрага за настанот. Филијата ќе продолжи со работа утре.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...