Стручна комисија ќе го испитува случајот со починатото тригодишно девојче од Прилеп

Прилеп, 8 октомври 2015 (МИА) - Комисија на Министерството за здравство ќе го испитува случајот со тригодишно девојче кое изутрината било донесено мртво во детското одделение во Општата болница во Прилеп.

Директорот на болницата, Петар Ристески изјави дека веднаш е известено прилепското јавно обвинителство. - Оттаму е издаден налог да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на девојчето. Истовремено, во Министерството за здравство е формирана комисија која ќе го испитува случајот, рече Ристески.

Тој појасни дека девојчето првпат било донесено вчера на преглед на Инфективното одделение од болницата со упат од матичен лекар.

- Девојчето било донесено вчера околу 15.30 часот со покачена температура и повраќање. Лекар на одделението го прегледал болното девојче, направени биле лабораториски анализи и му била дадена инфузија. Потоа во подобрена здравствена состојба било испратено на домашно лекување со препишана терапија. Истрагата е во тек за да се разјасни смртта на девојчето, додаде Ристески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...