ВИДЕО: Приведени 11 лица во акцијата „Удар“

о полициската акција „Удар“ денеска се приведени 11 лица, меѓу кои и претседателот на основниот суд-Куманово, а по едно лице се трага, информираше на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Против 12 лица на возраст од 24 до 60 години, членови на организираната криминална група од Скопје, во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава  за „злосторничко здружување“, „лихварство“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни  супстанци и прекурзори“, „криумчарење мигранти“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

При претрес на дом и помошни простории на шест локации одземени се четири патнички возила, меѓу кои два џипа „мерцедес“, еден „голф“ и една „шкода октавија“, кои не биле на нивно име и можно е да биле земени како залог. Запленети се и 2.550 евра и 200 франци, 14 мобилни телефони со сим картички, разни нотарски договори, договори за купопродажба и изјави од лица, како и друг вид документација. 

- Како главен организатор на оваа криминална група се товари Демир Ахмети, 48-годишно лице од Студеничани - Скопје, кое заедно со неговиот 7 години постар соработник од Арачиново, ги организирале, договарале и координирале криминалните активности на останатите членови на криминалната група. Криминалната група предводена од нив подолг временски период била инволвирана во бројни криминални активности, појасни Чавков.

Кривичните дела „лихварство“ и „изнуда“ двајцата организатори на криминалната група, заедно со тројцата синови на еден од нив, инаку сите од село Арачиново, ги вршеле на тој начин што давале на заем одредена сума пари, кои за краток временски период барале да им се вратат со несразмерно големи камати. Наплатата ја вршеле со употреба на сериозни закани со огнено оружје врз лицата должници и членовите на нивните семејства. Во еден од случаите, посочи министерот Чавков, долгот кој го имал таткото на лицето жртва на лихварски долг, криминалната група со серизни закани со огнено оружје барале да го плати неговиот син и од него побарувале и наплатиле 75 илјади евра, иако долгот изнесувал 25 илјади евра.

Во друг случај, лице кое во текот на 2014 година од членови на криминалната група земал позајмица од 500 евра, за еден месец му барале да им врати 2.000 евра. Откако лицето им ги вратило бараните парични средства од страна на членовите на криминалната група започнал притисок и закани дека тоа се пари само по основ на камати и дека дополнително им должи уште 2.500 евра. Притисоците, појасни Чавков, продолжиле континуирано во текот на 2014 и 2015 година, а врз него и неговото семејство упатувани се сериозни закани дека ќе ја запалат нивната куќа и ќе им фрлат бомба. Жртвата на лихварство успеал да им го ислати долгот во износ од 20 илјади евра, сума која ја побарале членовите на криминалната група.

Дел од членовите на криминалната група, потенцира министерот Чавков, подолг временски период раководени и кординирани од организаторот, биле инволвирани во криминални активности со криумчарење на мигранти. Тие се идентификувани во два случаи кои се документирани и за истите се поднесени соодветни кривични пријави.

- Во текот на истрагата, беше утврдено и дека организаторот на криминалната група остварува контакти и со претседателот на Основен Суд Куманово, за посредување во судски предмет за сторено кривично дело убиство извршено во 2012 година во Куманово. Во однос на истото, член на семејството му дал 24.000 евра за да го поткупи претседателот на Основниот Суд, со цел да го ослободи едниот од извршителите на убиството од затвор. Во однос на севкупните активности, утврдено е дека претседателот на Основен Суд Куманово примил 19.000 евра, а за возврат му дал инструкции како да се однесуваат во натамошната судска постапка за извршителот на убиството, притоа појаснувајќи му ги неговите напори во судските инстанци за да го оствари барањето, рече министерот Чавков.

Одговарајќи на новинарско прашање дали претседателот на Основниот суд - Куманово  е осомничен и за други случаи, министерот Чавков нагласи дека тој во овој случај се појавува со докази, но според информациите на МВР, од порано провејувале одредени оперативни информации. На прашањето дали се вмешани и други двајца судии од Куманово, Чавков на прес-конференцијата рече дека засега не може да потврди.

Тој истакна дека активностите околу реализацијата на планираните активности се во тек и се работи на случајот, вклучително и на идентификување на други членови на криминалната организација. 

- Целата операција е водена проактивно врз основа на наши операции со оглед на тоа што се работи на чувствителна проблематика, а со жртвите стапуваме во контакт тогаш кога ќе сметаме дека имаме доволно докази, рече министерот за вантрешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...