За Табановце од Гевгелија заминале околу 3.700 мигранти, отворена нова служба „Барање“ (ДПЛ)

Гевгелија, 9 октомври 2015 (МИА) - Од 21 часот ноќеска до 9 часот утрово, според евиденцијата на невладините организации и Меѓународниот Црвен крст од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 3.700 мигранти откако претходно биле згрижени и евидентирани.

Моментно во кампот се наоѓа нова група мигранти чие евидентирање е во тек и откако ќе заврши ќе се упатат кон Табановце со нов воз кој е поставен на платформата во прифатниот камп, јави дописникот на МИА од Гевгелија.

Инаку, во кампот на Меѓународниот Црвен крст кој се наоѓа во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија, функционира нова служба „Барање“ која посредува во спојување на разделените членови од семејствата кои поради разни причини патувањето не го продолжуваат заедно.

- Изминативе осум дена имавме 15 случаи на спојување членови од разделени семејства од кои 14 решивме успешно,а еден не успеавме и покрај сите вложени напори. Во тој случај се бараше брат на еден од мигрантите,но за жал и покрај тоа што случајот од кај нас премина и на повисоко ниво,спојувањето не се изврши од причина што се претпоставува дека братот најверојатно се удавил неодамна во Егејското море, рече координаторката Сања Костадинова.

Според Костадинова, службата за почеток добро функционира и дека има воспоставено успешна соработка со соодветните служби кои постојат во Грција и Србија. Секојдневно, како што вели, комуницираат телефонски, а пропредавањето на пронајдените членови од разделени семејства го вршат на граничните премини во Гевгелија и Табановце.

Според одлуката на главниот штаб при Центарот за управување со кризи, превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце се врши првенствено со возови, но бидејќи нивниот наплив е нешто поголем, изминативе два дена во превозот на мигрантите беа вклучени такси возилата и автобусите. 

Такси возилата и автобусите се уште се паркираат на мостот кај Сува река, а од општината информираат дека на одредениот простор во близина на кампот, од вчера почнале градежните работи за уредување на паркинг просторот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...