МАНУ одбележа 48 години од основањето

Скопје, 9 октомври 2015 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите била и е со целото свое полувековно творештво, со сиот научен и уметнички интегритет на нејзините членови – чувар на македонскиот национален идентитет, на мултинационалната и мултикултурната општественост и на односите на толеранција меѓу различните национални, етнички и други групи, на слободарските идеи и вредностите од кои е исткаена нашата колективна меморија и на македонскиот државен континуитет и суверенитет.

Ова го истакна претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски во обраќањето на свеченоста по повод одбележувањето на 48-годишнината од основањето на МАНУ. На свеченоста присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Владимир Пешевски.

Тој посочи дека се додека постои Македонија како слободарска визија ќе постои и Академијата, се додека постои Академијата ќе опстојува заедно со Македонија како синоним за органски стремеж на македонскиот народ и деловите од други народи и граѓани кои живеат во Македонија за сопствено ослободување по пат на културно воздигнување, наука и образование.

- Академијата мора врз погледите на нашата наука и согледбите за тенденциите на развојот на културата да формулира јасна проекција на иднината на Македонија во наредните декади. Без визија за преминот на македонското општество во повисока фаза на посттранзиција, потпрен врз сите наши домашни, умствени и творечки потенцијали не може да бидат определени долгорочните стратешки цели за развој на Република Македонија и да се постигне согласност за нивно остварување, а уште помалку може таа внатрешно да се обедини и со тоа да го зацврсти својот меѓународен суверенитет и статус во меѓународните односи, рече Камбовски.

Според него, секое откажување или одолговлекување со спроведување на заемно договорените активности меѓу водечките политички партии ќе има несогледливи последици за состојбите во земјата, а вината за нив сигурно ќе биде јасно лоцирана кај оние што ги прекршиле. Бесмислено е, истакна Камбовски, од Академијата да се бара да арбитрира, да преземе улога што ја имаат и други субјекти во политичкиот живот, да стане судија кој ќе пресудува во сомневања за матни криминални случаи.

- Сето тоа го избегна не затоа што смета дека е најдобро да се молчи кога куќата гори, туку затоа што смета дека само од силата на народот во целина, од неговите слободарски стремежи, зависи долгорочното разрешување на политичката криза. Нејзина улога е да ја подига токму таквата негова подготвеност на духовна и културна акција, таа наоѓа дека најдобро ќе ја одбрани слободата ако стои на страната што се бори да ја извојува, а не на страната на кого било што неа сака да ја извојува за себе во име на народот, рече Камбовски.

Тој потенцира дека во изминатиот едногодишен период МАНУ оствари респектабилна научна и уметничка програма која опфаќа 97 научни и уметнички проекти, а во рамки на меѓународната проектна соработка со Бугарската академија на науките продолжила реализацијата на 33 проекти, а таква соработка е иницирана и со другите академии од поблиското соседство и пошироко. Објавени се, укажа Камбовски, над 30 посебни студии и други публикации и организирани се над 20 домашни и меѓународни научни и други собири, изложби, одржани се голем број предавања и бројни научни и уметнички презентации во МАНУ и во нејзиниот Научен и уметнички центар „Уранија“ во Охрид.

Денеска се одбележуваат и 90-години од раѓањето на академик Јордан Поп – Јорданов, еден од нашите најеминентни научници со признато светско реноме, за кого Камбовски рече дека е жив светилник на науката и човечките доблести, како и непресушен извор на истражувачки инспирации, човек што како научник и филозоф ги спојува во еден остар сетилно рационален оптикум двете неразделно поврзани страни на комплетното човеково спознание во потрага по одговорот на прашањето – кој сум: емпириската и разумната. Му изрази благодарност на академик Поп – Јорданов за неговиот непроценлив придонес кон науката и кон развојот на МАНУ.

По обраќањето на Камбовски беше доделена највисоката награда – Меѓународното признание медалот „Блаже Конески“ на истакнати македонисти од странство. Оваа година добитници на наградата се академик Хорст Клинкман од Германија за посебен придонес во развојот на нефролошката наука во РМ и проф. д-р Ала Генадјевна Шешкен од Руската Федерација за посебен придонес во проучувањето и афирмирањето на македонската култура и македонскиот јазик.

По повод одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на академик Јордан Поп – Јорданов беа промовирани негови „Избрани трудови (I-IV)“, за кои говореше академик Глигор Каневче. Посочи дека ретки се научниците што твореле на повеќе од две подрачја.

- Академик Поп – Јорданов со својата бескрајна енергија, немирен и неумерен дух и исклучителна способност и знаење, успешно спојува три различни подрачја: енергетиката и одржливиот развој, невронауката и филозофијата. Невозможно е еден научник да го анализира неговиот севкупен научен опус, истакна Каневче.

Во рамки на свеченоста беше прикажан филмот на МРТ „Три животи“ снимен по повод 90 години од раѓањето на академик Јордан Поп – Јорданов.

Денот на МАНУ беше одбележан и со промоција на мозаикот „Четири алементи – универзум“, подарок на Академијата од академик Газанфер Бајрам, поставен во влезниот хол на оваа научна институција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...