ЕУ бара новиот Изборен законик да биде договорен денеска

Брисел, 9 октомври 2015 (МИА) - Европската унија денеска изрази жалење за тоа што политичките партии во Република Македонија вчера не успеаја да се договорат за изборните реформи, јави дописникот на МИА од Брисел.
 
Во име на Европската комисија, портпаролката Маја Коцијанчич денеска посочи дека неформалната Влада на Унијата бара новиот Изборен законик да биде договорен денеска.
 
- Најпрво, за Изборниот законик ние жалиме што и покрај прогресот што беше направен во рамки на работната група, партиите досега не успеаја да ја финализираат изборната реформа. Ние силно ги поттикнуваме четирите партиски лидери да постигнат договор што е можно побрзо, пожелно е денеска, порача Коцијанчич.
 
Гласноговорничката на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, исто така, додаде дека сите точки од договорот на 2 јуни/15 јули треба да се исполнат со цел успешно да се одржи изборниот ден во април идната година.
 
- Како што знаете, изборниот ден наближува и овој Изборен законик треба да се усвои што е можно поскоро и имплементацијата треба да започне пред изборите во април. Познато е дека ова е процес што треба да се случи и изборите треба добро да се подготват, додаде портпаролката на Еврокомисијата.
 
Успешното спроведување на точките од политичкиот договор што летово стави крај на политичката криза во Македонија исто така е услов и за доделување нова, седма, последователна позитивна препорака од Еврокопската комисија за Македонија, во прогрес-извештајот што овој месец треба да го објави комесарот Хан за напредокот на сите земји од проширувањето на ЕУ.
 
Според информациите од Брисел, објавувањето на прогрес-извештаите, пак, што најпрво требаше да се случи идната среда (14 октомври), па беше одложено за 21-ви овој месец, сега е можно да се одложи за уште една седмица и истото да се случи на 28 октомври. Сето тоа се толкува како начин на кој новата Еврокомисија на Жан-Клод Јункер го третира процесот на проширување, кој официјално е замрзнат до 2019 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...