Македонија претставена како дестинација за активен туризам на самит во Чиле

Скопје, 13 октомври 2015 (МИА) - Република Македонија беше претставена како хит дестинација за Адвентуре Травел пред околу 700 туроператори и светски познати медиумски куќи на Самитот за активен туризам во Пуерто Варас во Чиле.

На Самитот, кој се одржа од 5-ти до 9-ти овој месец, учествуваше и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.

Тој пред учесниците на Самитот најави дека  во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, Република Македонија ќе биде домаќин на првата европска регионална конференција за активен туризам „АдвентуреНеџт – Балканс“, која ќе се оддржи во мај 2016 година.

Конференцијата, како што е наведено во денешното соопштение од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот,  ќе се организира во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и од Владата на Швајцарија-Проектот ИМЕ, и Интернационалната асоцијација за активен туризам (АТТА).

АТТА-Интернационалната асоцијација за активен туризам е основана во 1990 година и опслужува повеќе од 1.000 членови во 90 земји во светот. Членови се претежно тур-оператори, туристички агенции, специјализирани агенти и медиуми кои имаат голем интерес за одржлив развој на авантуристички туризам, како пазар од 263 милијарди долари на годишно ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...