Советот на јавни обвинители треба да го избере тимот на Јанева

Скопје, 14 октомври 2015 (МИА) - Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да се изјасни за избор на тимот помошници што ги предложи специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалната обвинителка предложи 14 кандидати за нејзини помошници, од кои повеќето се од Скопје, Куманово и Тетово, а еден е од Обвинителството за организиран криминал. 

На списокот се јавните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.

Јанева минатата недела ги достави документите кои ги побара Советот на јавни обвинители за да ги избере нејзините помошници. Станува збор за општиот работен, персонален и финансов план, соопшти денеска Канцеларијата на Јанева.

- Таа во дописот до Советот на јавни обвинители и до медимите изрази уверување дека „Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а  во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители“.

Специјалната јавна обвинителка и тимот, според договорот од Пржино, ќе ги разгледуваат предметите кои ќе произлезат од и се поврзани со незаконското прислушување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...