Советот на обвинители избра седум од предложените 14 помошници на Јанева

Скопје, 14 октомври 2015 (МИА) - Советот на јавни обвинители на денешната седница избра седум од 14-те кандидати предложени од специјалната обвинителка Катица Јанева за нејзини помошници.

Претседателот на Советот Петар Аневски по седницата изјави дека одлуката да бидат избрани само седум помошници на Јанева е донесена врз основа на проценката за обемот на работа што ќе ја има Специјалното обвинителство. Советот не ја исклучува можноста да се зголеми тимот на Јанева ако се зголеми обемот на работа.

Избрани се Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

- Разгледувајќи ги плановите, општиот, персоналниот и финансискиoт план, јавната обвинителка имаше наведено дека бара да се формираат седум тима. Затоа ние прво донесовме одлука бројот на обвинители во тоа Јавно обвинителство да изнесува седум плус главниот обвинител, вкупно осум, рече Аневски. 

Тој додаде дека одлуката за бројот на јавни обвинители е донесена врз основа на, како што рече, бројот на предмети кои ги имаат предвид, кои се сега во работа и ќе преминат во Специјалното обвинителство.

- Оваа бројка не е конечна и може во иднина да се зголеми бројот на јавни обвинители, рече претседателот на Советот. 

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која присуствувала на почетокот на седницата, рече дека иако тимот што го предлоджи е преполовен, ќе работи со помошниците кои се избрани. Вели дека ќе инсистира да бидат избрани сите кандидати што ги предложи.  

Според Јанева, со денешната одлука на Советот на јавни обвинители е прекршен Законот за Специјално обвинителство.

- Јас си останувам на својот тим и ќе барам да биде избран во целост од страна на Советот за јавни обвинители. Овој Совет со одлуката го прекрши Законот за специјално јавно обвинителство и го узурпира договорот во Пржино. Се надевам дека во најскоро време ќе ја корегираат нивната одлука. Се надевам дека Советот ќе го избере и останатиот дел од мојот предложен тим, рече Јанева.

Ова, додаде таа, нема да ме запре, напротив ќе ме охрабри побрзо и поефикасно да ја завршам мојата работа.

- Од мене може само да очекувате одлуки. Не очекувам ништо да оди мазно. Како што цел месец работам сама во просториите во Министерството за правда со еден помошник и понатаму ако треба ќе работам со половина тим и секој ден до Советот ќе доставувам барање да ми го дополни тимот, истакна специјалната обвинителка.

Таа, како што рече, не ја сфаќа денешната одлука на Советот како опструкција на нејзината работа, туку како предизвик. - Се надевам дека верувате во мене, а јас верувам дека Македонија ќе може да се справи со овие работи и дека во Македонија еднаш ќе завладее правото, истакна обвинителката Јанева. 

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој е член на Советот на јавни обвинители, истакна дека Советот имал параметри по кои одлучил дека во овој момент потребно е да бидат седум обвинители плус главниот обвинител.

- Тоа е бројот на предмети којшто е презентиран, односно не е презентиран, бројот на предмети е во очекување, фактот што јавните обвинители во сите други обвинителства работат со околу 40 предмети по еден јавен обвинител. Така Советот оцени дека во овој момент е доволен овој број, рече Зврлевски додавајќи дека Обвинителството за организиран криминал има 12 обвинители кои на годишно ниво работат на над 400 предмети. 

Не се согласува со Јанева дека со оваа одлука на Советот се крши Законот за специјалниот  обвинител. Смета дека недовербата кон Јавното обвинителство на Република Македонија и другите обвинителства, поради што е формирано Специјалното обвинителство, не е основана дотолку повеќе, како што рече, што и седум од предложените кандидати работеле на случаите кои веќе се во обвинителствата.

- Тоа е навреда за целото Обвинителство затоа што со ништо не покажало дека не работи на предметите. Над 12 илјади предмети има во Јавното обвинителство од кои 95 проценти успешност пред судовите. Значи, немало причина некој да се посомнева во работата на обвинителството за да се формира ново специјално, а изборот на обвинители во Специјалното јавно обвинителство кои веќе работеле на тие предмети е само потврда за ова, истакна Зврлевски.

Според него, Специјалното обвинителство е одреден вид политичко обвинителство.

- Доколку вие имате  политички договор за некоја личност спротивно на сите правила и барања  за избор спротивни на сите законски правила во Република Македонија тогаш сметам дека тоа е политичко обвинителство, истакна државниот јавен обвинител.

Најави дека ќе биде поднесена иницијатива за оценување на уставноста на формирањето на Специјалното јавно обвинителство.

- Јавното обвинителство има право и е надлежно да покрене иницијатива секогаш кога со некој акт е повредена законитоста односно уставноста, особено ако со тоа се тангира неговата работа, рече Зврлевски. Посочи дека иницијативата е во подготовка и ќе биде поднесена наскоро. 

На денешната седница на Советот на јавни обвинители од почетокот до пред гласањето присуствувале и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...